Александар Трајковски денеска го прославува 27-миот роденден. Роденденот Алекс го прославува заедно со своите соиграчи од репрезентацијата во Ашдод, во Израел, а вечерва во Бер Шева го играме квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП.

Затоа три бода би биле вистински подарок за роденденот на Трајковски. Ете дополнителна мотивација за него, и за неговите соиграчи.