Хрватска ја слави Грција на последниот ден од групната фаза на Мундобаскетот во Кина, со оглед на тоа дека Грците со победата над Нов Зеланд во последното коло им донесоа на „коцкестите“ пласман во квалификациите за ЛОИ 2020 во Токио.

Расплетот на настаните по завршувањето на групната фаза и „веселата“ математика се на страната на Хрватите, а тие беа деветто рангирани на ФИБА листата пред почетокот на СП. Тие немаа што друго да направат освен да се радуваат и да се заблагодарат на Грција, која одигра за себе, но и за нив.