Попладнево Шкупи во пријателски натпревар успеа со 5:1 да го победи третолигашот Беса од Добри дол. Ова беше прв натпревар на новиот тренер Булент Акин, тоа значи дека турчинот дебитираше со триумф на клупата на Шкупи.

Головите за победничкиот тим беа дело на Муарем Бајрами, Бесарт Кривањева, Фати Исмали, Дембое и Рамани. По подолго време, по тешката повреда и операција на лигаментите настапи голманот Игор Алексовски, а по пауза од два месеци играше и Бесар Исени. Со нив двајца Шкупи ќе биде многу посилен.