Ракометарите на Металург ја почнаа новата ракометна сезона во домашниот шампионат со очекувана победа. Во братската пресметка со младите надежи на клубот, сениорите славеа со 37:30.

Во прилично релаксиран меч, момците на Дамир Стојановиќ оставија неизвесност само во првиот дел од првото полувреме, додека во преостанатиот дел од средбата се беше сосема јасно.

Ова беше премиерен меч од новата сезона во Суперлигата, каде веќе утре се играат уште три меча. Работнички – Струга, Радовиш – Вардар Јуниор и Пролет – Охрид.