По пауза од две години Металург одново ќе го гледаме во домашната Суперлига од нејзиниот почеток, а годинешното натпреварување во најсилното македонско машко ракометно друштво, тргнува од „Автокоманда“ со братски дуел, Металург 2 и Металург. Средбата е закажана во 18 часот, а влезот е слободен за сите љубители на ракометот.

Покрај денешната увертира на распоредот утре се средбите меѓу Пролет и Охрид, Работнички и Струга, како и Радовиш и Вардар Јуниор, додека Пелистер и Бутел првиот суперлигашки дуел сезонава ќе го имаат на 10 септември.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ, 1. КОЛО

Металург 2 – Металург денеска

САБОТА

Пролет – Охрид 19:00ч.

Работнички – Струга 13:00ч.

Радовиш – Вардар Ј. 19:00ч.

ВТОРНИК (10.09.2019)

Пелистер – Бутел 18:30ч.