Медиумите во Италија и натаму се занимаваат со Маурицио Сари, со Јуве и со статусот на Манџукиќ и Емре Џан. Па така се открива дека Маурицио Сари поднел четири строги барања до раководството на Јуве, едноставно сакал да покаже кој е „газда“ на тимот и со цел во иднина да не се случуваат слични настани како оние со хрватскиот и германскиот интернационалец.

Првото барање е целосна автономија во изборот на првиот тим, тука не смее да има никакви дилеми или компромиси. Второто барање е да му се одобри тактички избор на играчи сосема поинаков од оној на неговиот претходник Масимо Алегри. А тоа значи дека Јуве под водство на Сари секогаш мора да игра напаѓачки. Третото барање е тој самиот да ги решава сите проблеми во врска со играчите. Досега раководство сакаше самото да ги решава проблемите, па затоа дојде и до таа несреќне епизода со Џан. И четвртото барање е под итно да се продадат Манџукиќ и Џан. Тој не само што не пријави во ЛШ туку не им даде никаква минутажа во првите две кола во Серија А.