Маурицио Сари одлучи за Лига на шампиони да не ги пријави Марио Манџукиќ и Емре Кан, двајцата се разочарани и веќе во јануари сакаат да го напуштат Јувентус.

„Шокантно. Одлуката која ни ја соопштија не траеше ниту една минута, не ни дадоа објаснување“, изјави Кан и продолжи:

„Разочаран сум. Ќе разговарам со раководството кога ќе се вратам во Торино, тренерот не беше искрен кон мене, да го знаев ова порано сигурно ќе си заминев“.

Хрватскиот репрезентативец исто така сака да си замине, тој доби неколку понуди и во јануари ќе се поздрави со италијанскиот првак. Нема да биде изненадување доколку го видиме во Премиер-лигата, во составот на Вест Хем.