Мирко Ивановски, она што СПОРТМЕДИА прва го најави пред неколку денови, и официјално е ново име во нападот на унгарскиот прволигаш Диошѓер. Утрината тој е промовиран во клубот.

„Среќен сум за овој трансфер, сеуште не сум се сретнал со стручниот штаб и моите соиграчи. Мое е да кажам дека ќе дадам 110% од себе за Диошѓер. Пред четири години како фудбалер на Видеотон сум играл против овој клуб, знам дека имаме добри фанови, добра атмосфера“ изјави македонецот кој од Хајдук се пресели во Унгарија.