Јирген Клоп пред себе има само една мисија. Освојување на Премиер-лигата е главната цел на Ливерпул во оваа сезона, откако минатата тимот се закити со европската шампионска титула.

Тренерот на Ливерпул даде интересна изјава. Тој во интервју за „Кикер“ како да најави напуштање на тимот доколку не успее во мисијата оваа сезона.

„Денеска не можеме со сигурност да кажеме што ќе се случува за три години. Ако гледам дека не можам повеќе, ќе земам одмор и ќе одлучам што понатаму. Сега имам енергија, но не сакам само така да ја работам својата работа. Можам или да работам, или да не работам“, рече Клоп кој има договор со Ливерпул до 2022 година.