Мауро Икарди конечно најде нова средина, од пред неколку дена тој стана нов член на ПСЖ. Аргентинскиот напаѓач ги одработи првите тренинзи со францускиот првак по девет месечните драми во Интер.

Откако италијанскиот тим му ја одзеде капитенската лента стана вистинскиот хаос. Икарди глумеше дека е повреден за што беше исфрлен од екипата.

Лошите односи со челниците на клубот го натераа да размислува и на тужба, но засега нема официјална потврда за тоа.

Овие денови ги остави зад себе, како позајмица дојде во ПСЖ, кој ќе може да го откупи Аргентинецот за 70 милиони евра, но по завршување на сезоната.

Неговата менаџерка и сопруга, Ванда Нара, како и секогаш е во центарот на вниманието. Таа не е задоволна со овој потег.

„Тоа што чекав до последен момент е оти имав „ас“ во ракавот. Нашите деца одат на училиште во Италија, така да ќе мора да живееме меѓу Милано и Париз. Од трите опции кои ги имавме ПСЖ е најлошата, бидејќи морам да се вратам во Милано да живеам со децата. Но, размислував што е најдобро за Мауро. Го сакаа многу клубови“, изјави Ванда.