Американскиот кошаркар Крис Кокли ќе биде засилување во тимот на Работнички, дознава „Спортмедиа“.

Кокли е роден 1996 година, и до сега настапуваше за тимот на украински Черкаски Мавпи. Висок е 203 сантиметри.

Иако не бил драфтуван, во 2018 година бил потпишан од Шарлот во НБА летната лига.

Претходно за Работнички потпиша Хајден Леско, а договорени се Теодор Атанасов, Горан Главчев и Стефан Глигоријевиќ.