Солидна, добра Македонија. Губевме во Бер Шева, се вративме во „игра“, на крајот можевме и требаше да победиме. Ах, Елиф, Елиф…што ли само направи кога требаше најмногу. Сепак мораме да бидеме задоволни, голема борба, многу шанси, на крај добар бод. Добро е тоа што и Адеми одигра како што знае. Македонија, оваа Македонија  покажа дека има сила, сега мораме, мораме да ја победиме Летонија на гости…