Аријан Адеми. Капитенот на Динамо Загреб дојде на собирот повреден, се стравуваше дека не ќе може да настапи во Бер Шева, но чудесно многу брзо оздраве и одигра квалитетни 90. минути на теренот на „Тарнер“ стадионот.

И не само што постигна прекрасен гол, и не само што беше „тајното оружје“ на селекторот Ангеловски, кое во неколку наврати се уфрлуваше од втор план, туку и поради фактот дека кога беше најпотребно знаеше да ја стабилизира нашата игра во средината на теренот.

Покрај себе ги имаше „младите рисови“ како Барди и Николов, и тие покажаа дека знаат и тоа како да соработуваат со Аријан. Искрено долго време го чекавме вистоинскиот Адеми, и еве го дочекавме. Голем, голем квалитет во нашиот среден ред. 

Тој е нашиот „Аријан Гранде Македонски“.