Стефан Спировски од денеска е нов член на Хапоел Тел Авив. Тој утринава ги минал лекарските прегледи, а потоа со раководството на овој израелски клуб се договорил за двегодишен договор.

Како што известваат медиумите во Израел, тој во Хапоел ќе заработува најмалку 150.000 евра годишно, тука не се сметаа разните бонуси.

Ова е нова епизода во интернационалната кариера на еден од нашите најдобри играчи во линијата за врска. Да потсетиме дека досегашен негов клуб беше Ференцварош, со кого ја освои титулата во Унгарија.