Победа од 3:0 (25:23, 25:23, 25:23) за машката одбојкарска репрезентација на Македонија на првата контрола со Австрија која од затворен тип беше одиграна денеска. Ова е само една од последните две тест-средби кои четата на Никола Матијашевиќ ќе ги има за глазура на формата пред почетокот на дебитантскиот настап на Македонија на европското првенство.

Со исклучок на првиот сет кога имавме некои нелогични грешки со кои сами си го искомплициравме финишот, во останатите два сета Австрија покажа дека е квлитетен ривал, вистинскиот за финална контрола пред ЕП. Ние имавме повеќе концентрација во завршницата на сетовите и успеавме со идентичен резултат да ги привршиме во наша полза.

Во договор меѓу селекторите одигран е и дополнителен четврти сет, кој Македонија го доби исто така со 25:23, со одлична игра и контрола над резултатот.

Вториот, официјален натпревар со Австрија е закажан за утре, 19 часот, во Виена.