Младата репрезентација на Фарските Острови вечерва е убедливо поразена со 3:0 во рамките на квалификациите за ЕП 2021 година на гостувањето против Црна Гора. Во својот втор квалификациски меч во групата, Фарските Острови го претрпеа и вториот пораз, додека Црна Гора ја обезбеди првата победа, по стартниот пораз од Казахстан.

Разликата беше направена уштево првиот дел кога Црногорците ги постигнаа сите три гола, а во вториот дел од мечот само ја одржаа разликата. Фарските Острови во вторник доаѓаат на гости кај нас на првиот квалификациски меч за нашиот младински тим до 21 година, кој предводен од селекторот Благоја Милевски почнува нов циклус во обид да стигне до ЕП.