Мартин Поповски еден од оние македонски ракометари кои со дресот на Вардар два златни медали во Лигата на шампионите. По завршување на минатата сезона, десното крило и раководството на клубот одлучија да ја прекинат соработката.

Нов тим на Поповски кој од 2014 до 2017 беше дел од Вардар Јуниор, а потоа постојано беше со првиот тим на „црвено-црните“ ќе биде Пролет.

„Пролет е мојот нов тим. Се договорив со челниците на клубот“, ни потврди Поповски.

Репрезентативецо ќе биде големо засилување во редовите на новиот тим.