Горан Пандев. Ретки се тие фудбалери кои на 36 години сеуште се најдобри, како нашиот феномен. Уште поретки се тие кои и кога се повредени, кога чувствуваат силна болка сакаат и играат за репрезентацијата на својата држава. Едноставно не сакаат да ги остават своите колеги на цедило.

Е, па, таков е Горан Пандев. Секоја чест за капитенот, и кога е повреден игра за МАКЕДОНИЈА. Само едно големо БРАВО за него. Влезе во игра во 70. минута, имаше неколку добри акции синоќа на „Тарнер“ стадионот во Бер Шева.

Пандев е тој што феноменално му асистираше на Елмас, но овој во 92.минута не погоди зицер. Штета, пред две години токму во Израел тој Елмас му асистираше на Пандев за победа над Израел, малку недостигаше синоќа да биде обратно. 

Уште „дијамантот“ да погодеше…ќе беше супер.