Во понеделник, во Рига, нашата најдобра фудбалска селекција ќе и гостува на Летонија, во рамките на 6.коло од групата Г за пласман на ЕВРО 2020. Секако дека сме фаворити, а на рака ни оди и фактот дека четата на селекторот Игор Ангеловски ќе има ден повеќе за одмор.

Имено селекцијата на Летонија дури вечерва и гостува на силната Австрија, па така додека ние се одмараме и ја готвиме тактиката за во понеделник, тие ќе мора во тоа време да одиграат силен, исклучително тежок меч. Натпреварот во понеделник започнува во 20:45 часот, а се игра на стадионот на Даугава во Рига. Инаку покрај дуелот меѓу Австрија и Летонија, вечерва се игра и дуелот Словенија – Полска.