Како што е најавено, во текот на денешниот ден Стефан Спировски би требало да го официјализира трансферот во Хапоел Тел Авив. Тој синоќа, по мечот Израел – Македонија на кој одигра десетина минути, беше интересен за тамошните новинари.

„Па, не можам ништо дефинитивно да кажам во врска со Хапоел Тел Авив. Ќе видиме што ќе се случи. Можам само да напоменам дека Митревски ми кажа убави работи за Лигата, клубовите, но и за државата Израел пред се. Сум играл тука неколку пати и знам дека има добра атмосфера“посочи Спировски.