Србија го завери местото во четвртфиналето на Светското првенство кое се одржува во Кина, откако без проблем го совлада Порторико во првиот меч од нокаут-фазата.

По завршување на натпреварот, селекторот Александар Ѓорѓевиќ упати критики на сметка на ФИБА. Легендарниот кошаркар беше бесен што неговите момци мораа да го менуваат градот и да патуваат. Србите вчера не одржаа тренинг, денот го искористија за прилагодување на новата средина.

„Полека се прилагодуваме…Играњето во четири града е доста напорно. Има репрезентации кои имаат подобри услови од нас. На некого ФИБА му е мајка, на некого маќеа“, изјави Ѓорѓевиќ.