Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо е најбрзиот напаѓач во италијанската Серија А. Неговата максимална брзина постигната на натпреварите од тековната сезона е 34,62 км на час.

Во однос на овој индикатор, Португалецот е втор по дефанзивецот на Наполи, Костас Манолас (35.41). Роналдо е исто така најбрзиот играч на Јувентус, пред Даглас Коста, Алекс Сандро и Данило.

Второто место на листата на најбрзите напаѓачи во Серија А е за Симоне Заза од Торино, кој трча во просек со 34,56 км на час.