Владе Дивац од ноќва стана кошаркарски бесмртник, откако легендата на српската кошарка и официјално е примен во Куќата на славните во Спрингфилд. Дивац во Куќата беше внесен од Џери Вест, кој Србинот го избра, со оглед на тоа дека секој нов член треба да биде внесен од стар член.

Дивац е четвртиот српски кошаркат по Дражен Далипагиќ, Александар Николиќ и Боро Станковиќ кој доѓол до ваква чест.

Друштво на свечената церемонија му правеше Дино Раџа, уште еден член на легендарната постава на југословенската кошарка…

„Се радувам пред се, поради моето семејство, соиграчите, тренерите и навивачите. Ова е големо признание и искрено на тоа не се надевав кога почнував да играм кошарка“, изјави Владе Дивац.

Дивац во моментов е генерален менаџер на Сакраменто Кингс, додека во својата богата кариера има настапувано за НБА тимови Л.А. Лејкерс, Шарлот, Сакраменто, како и за Слога, Партизан и Црвена Звезда во раната фаза од кариерата.