Важна победа за Пелистер против Дрита и тоа со3:1 во 3. коло во Втората лига – Запад. Стрелци на головите беа Бујчевски од игра, а Маневски и Љамчевски од пенал. Во Гостивар пак домашниот тим со 2:0 освои три бода, додека Лабуништа на свој терен со голот на Каланоски дојде до триумф од 1:0. Кораби беше подобар од Охрид со 2:0. И на крај, Скопје со 1:0 успеа да го добие Кадино на негов терен.

 

РЕЗУЛТАТИ

Гостивар – Влазерими 2:0

Кораби – Охрид 2:0

Пелистер – Дрита 3:1

Кадино – Скопје 0:1

Лабуништа – Вардар (Ф) 1:0

 

ТАБЕЛА: 1.Лабуништа 7, 2. Скопје 7, 3. Дрита 6, 4.Пелистер 6, 5.Гостивар 6, 6. Влазерими 4, 7. Кораби 4, 8. Вардар (Ф) 3, 9. Охрид 0, 10. Кадино 0.