Андора против Турција го издржа првиот дел. Меѓутоа „аматерите“ од оваа земја ја направија најлошата офсајд стапица на стартот од вториот дел.

По една нафрлена топка сите играчи од гостинскиот тим излегоа да прават офсајд, со што 3-4 турски играчи останаа сами со голманот. Ама, и тие се посрамотија. Наместо сигурен гол, на крајот турскиот фудбалер се обиде да лобува, а од самата гол линија расчисти еден играч на Андора, и така спаси водечки гол.

До пред самиот крај беше 0:0.