Брегалница убедлива во Прилеп. Немаше никакви проблеми со Питу Гули и победи со 6:0.Стрелци беа Георгиев два, Мартин Стојанов, Манов и Велинов. Проблем беше само невремето кое го зафати Прилеп и околината. 

Иако се очекуваше лесна победа на Тиквеш во Кочани, сепак не беше така. Осогово даде силен отпор но сепак кавадарчани со голот на Делов во второто полувреме победи со 1:0. 

Беласица пак, исто така потешко од очекувањата, успеа да победи со 2:1 против Саса и со тоа да го одржи максималниот учинок во досегашниот дел од сезоната, таа има три од три. 

Во Гевгелија домашниот Кожуф со 2:1 ја победи екипата на Победа, во натпревар во кој победникот беше подобар и можеше поубедливо да победи. 

Кит Го одигра многу добро на гости кај Плачковица, но сепак освои само бод, одигра 1:1. Голот беше дело на Ступиќ.

РЕЗУЛТАТИ

Беласица – Саса 2:1

Кожуф – Победа 2:1

Плачковица – Кит Го 1:1

Осогово – Тиквеш 0:1

Питу Гули – Брегалница 0:6

ТАБЕЛА: Брегалница 9, 2. Беласица 9, 3. Тиквеш 7, 4. Кожуф 5, 5. Саса 3, 6. Питу Гули 3, 7. Победа 3, 8. Кит Го 2, 9. Плачковица 1, 10. Осогово 0.