Во понеделник во Рига, нашата најдобра репрезентација го игра шестиот меч од Г групата за пласман на ЕВРО 2020. Ривал по мерка се чини. По добрата игра во Бер Шева и ремито со Израел, сега на ред е победа, тука не смее да има дилеми за Македонија. Посебно што Летонија предводена од Славиша Стојановиќ има катастрофален биланс на тие досегашните пет натпревари.

Не само што нема освоено ниту бод, туку има постигнато само еден гол, и тој во Скопје кога беше 3:1 за Македонија. Следуваа поразите од Полска (0:2), Израел (0:3), Словенија (0:5) и синоќа Австрија (0:6). Значи гол разликата е 1:19, катастрофа. Токму затоа Македонија не само што треба да победи туку треба малку и да си ја поправи гол разликата.

Интересно е да се каже дека избраниците на Стојановиќ, за дуелите со Австрија и Македонија, сите заедно постигнале само 17 голови во своите досегашни настапи. Поразителен податок, но тоа не смее да не „успие“. Пандев и другарите треба максимално сериозно да си ја сфатат работата во Рига и се разбира да извојуваат висока победа.