Фантастичниот тандем Ландли – Милс во последната четвртина и ја обезбеди победата на Австралија во воведниот денешен меч од разигрувањето за пласман во четврфиналето на СП во Кина. „Кенгурите“ на крајот ја победија жилавата Доминиканска Република со 82-76 и ја продолжија серија на непобедлост на Мундобаскетот.

Доминиканците одиграа добро по првите три четвртини, но не успеаја да го задржат ритамот и во одлучувачките 10 минути. Првите ѕвезди на тимот, Елој Варгас и Виктор Лиз повторно беа предводници на тимот со 16, односно 14 поени, но неодволно на крајот за победа.

Кај Австралија Милс со 19 поени беше најефикансе на паркетот. Доколку попладнево Франција ја совлада Литванија во дербито оваа рунда, Австралија дефинитивно ќе обезбеди место во четвртфиналето.