Пилотот на Ферари, Чарлс Леклер, ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Италија. На официјалните квалификации на патеката Монца, возачот на Ферари имаше најбрзо време и на првиот и на последниот тренинт.

Утре од првиот ред до него ќе стартува и светскиот шампион Луис Хамилтон, додека како трет ќе почне Валтери Ботас.

Формула 1 Гран При на Италија.

Квалификации

  1. Чарлс Леклер (Ферари) – 1.19.307
  2. Луис Хамилтон (Мерцедес) – +0.039
  3. Валтери Ботас (Мерцедес) – +0.047
  4. Себастијан Фетел (Ферари) – +0.150
  5. Даниел Рикардо (Рено) – +0.532
  6. Нико Хулкенберг (Рено) – +0.742