Младата репрезентација на Македонија  на тренинг комплексот „Петар Милошевски, ги продолжува подготовките за првиот квалификациски натпревар против Фарски Острови кој се игра на 10 септември во Скопје.

Се освен победа за момците на Благоја Милевски ќе биде неуспех од овој меч. Важат за големи фаворити, и покрај тоа што Милевски многу менуваше во селекцијата, односно ова е една нова генерација.