Шпанецот Рафаел Надал се избори за петото финале на УС Опен во неговата кариера, откако во три сета го победи италијанскиот тенисер Матео Беретини со 7:6 (8:6), 6:4, 6:1.

Италијанецот играше одлично во првиот сет, спаси шест брејка топки и се избори за тај-брејк. Во него имаше одличен ритам, 4:0, 5:2, како и две сет топки на 6:4. Но, откако не ги искористи стигна казната. Надал со серија од четири поени дојде до водство од 1:0 во сетови. Откако го скрши отпорот на Беретини на стартот во продолжението беше многу полесно за Шпанецот да се најде во финалето.

Надал ќе игра за четврта титула во Њујорк, а Русинот Даниел Медведев ќе биде негов противник.

Медведев место во финалето обезбеди со победата над Глигор Димитров 7:6 (7:5), 6:4, 6:3 во првото полуфинале.

За Русинот ова е прво финале на УС Опен, а до него дојде во одлична форма и 13-тата победа во низа сезонава, со оглед на тоа дека претходно во Синсинати и ја освои титулата.

Финалето меѓу Медведев и Надал се игра утре вечер (22 часот) по македонско време.