Вардар е поразен на гостувањето кај Мотор Запорожје во рамките на второто коло во СЕХА-лига. Бранителот на титулата и на оваа средба настапи во некомплетен состав, покрај повредените Стојанче Стоилов и Де Толедо, во составот го немаше Сташ Скубе, кој исто така поради повреда остана во Скопје, каде друштво му правеше Калифа Гедбан кој не доби украинска виза.

Мотор покажа дека Вардар ќе има проблем сезонава и во Лигата на шампионите, секако доколку не се покаже во подобро издание. Иван Чупиќ имаше шанса да донесе бод, но беше непрецизен од седум метри, па на крајот домаќинот славеше со 32-31.