Шпанецот Хави Гарсија е минато за Вотфорд. Тој е првиот кој си заминува од екипата, а на негово место е донесен неговиот сонародник Кике Санчез Флорес.

Флорес втор пат се враќа на клупата на Вотфорд, откако еднаш беше во сезоната 2015/2016, кога замина во Еспањол, па во Шангај Шенхуа, и сега одново во Вотфорд.

Вотфорд се наоѓа на последното место со само еден бод, и три порази во првите четири кола во Премиерлигата.