Вардар ја продолжува својата победничка низа и на пријателските. Попладне во Ѓорче, екипата на Александар Васоски со 2:0 ја победи Македонија ЃП. Стрелци на головите беа Али Адем и Јован Попзлатанов.

На Чаир пак се иограше меѓународна пријателска средба. Шкупи со 1:0 го победи Ал Батех од Обединетите Арапаска Емирати. Голот го постигна Муарем Бајрами. Интересно е тоа што чаирчани промашиле дузина шанса. Свое деби во дресот на Шкупи имаше Нермин Хајровиќ од БиХ, кој во последните денови од преодниот рок го засили тимот.