Ракометарите на Работнички успеаја да се изборат за бод на стартот на дебитантската сезона во Суперлигата откако денеска на домашен терен одиграа 25:25 против тимот на Струга. Иако гостите водеа во текот на целиот меч со еден до два гола разлика (на полувреме беше 12:10), со упорна борба, домашните се изборија да останат непоразени.

Денеска во 1. коло од Суперлигата се играат и мечевите Радовиш – Вардар Јуниор и Пролет – Охрид.