По вчерашниот ден исполнет со патување од Тел Авив до Рига, потоа одморот кој траеше до денеска попладне, нашите најдобри репрезентативци го одработија и првиот тренинг во главниот град во Летонија.

Мечот се игра задутре, но уште сега се гледа одлучноста тој да се добие. Селекторот Игор Ангеловски на „ рисовите“ им „сервираше“ интензивен тренинг, нешто што е вообичаено кога станува збор за два дена пред натпревар.

Нам ни останува да веруваме дека играчите прво добро ќе се одморат по се она што беше во Бер Шева, а потоа добро и ќе се подготват за нови 90. минути, од кои ние очекуваме само победа и ништо друго.