Гнев, неверица и збунетост во таборот на репрезентацијата на Србија по очајниот настап против Шпанија и убедливиот пораз. Сега Србија ќе мора во 1/4 фналето од СП да се „тепа“ со силната Аргентина, а во полуфиналето ги чека веројатно дуел со САД. Ова не им требаше на Србите и дефинитивно.

Александар Ѓорѓевиќ пак имаше свој коментар за нервозата на Никола Јокиќ, кој беше исклучен и предвреме го заврши мечот.

“Не ми се допадна глупавата реакција на Јокиќ. Тој треба да истане мирен, да биде еден од нашите лидери“ посочи селекторот кој додаде дека е гневен не само на поразот туку и на тоа што Јокиќ ги оставил другарите на цедило.