Белгискиот фудбалски репрезентативец Дрис Мертенс најверојатно ќе го напушти Наполи по завршувањето на сезоната 2019/20. Договорот на Мертенс со Наполи истекува на крајот на сезоната, а за него владее голем интерес од екипи од Кина и САД.

Според порталот Ла Република, Мертенс не сака да игра ниту во Кина ниту во МЛС-лигата, па најверојатно ќе се врати во својата татковина и ќе ги засили редовите на Андерлехт, со кого веќе преговара за платата.

32-годишниот играч веќе имаше понуда од кинескиот Далијан минатото лето, но преговорите меѓу клубовите беа блокирани. Исто така, самиот Мертенс, потврдил дека не е заинтересиран да игра во Кина.