Женската репрезентација на Србија е ново-стар европски одбојкарски првак откако во финалето на ЕУРО 2019 во Анкара со 3:2 (21:25, 25:21, 25:21, 22:25, 15:13) ја победи Турција.

Србинките не само што се бореа со турскиот тим на теренот, туку најдоа начин како да ја замолкнат и 12 илјадната публика во салата. Во дуелот кој траеше нешто повеќе од два ипол часа, Турција имаше водство од 1:0 во сетови, по кој тимот на Зоран Терзиќ се врати комплетно со водство од 1:2, но не го издржа притисокот на домаќинот во четвртиот сет.

Во решавачкиот тај-брејк, Србија го направи првиот чекор, 11:9, но Турција се врати со серија од 0-3 (11:12). Сепак во клучните моменти бранителот на титулата беше безмилосен и ја искористи втората сет-меч топка за победа.