Канадската тенисерка, Бјанка Андреску ја освои својата прва Грен слем титула во кариерата откако во финалето на УС Опен со 6:3, 7:5 ја победи Серена Вилијамс.

Андреску беше фантастична во финалето, за разлика од Серена, која пак втора година по ред останува без трофејот пред својата публика во Њујорк, откако лани загуби од Наоми Осака.

Вилијамс нервозно влезе финалето, додека Андреску, која го носи епитетот „убиец на фаворити“ делуваше опуштено и со голема леснотија го освои првиот сет, а потоа за час ипол ги реши и дилемите за тоа кој ќе го крене трофејот.