Така е тоа кога станува збор за големите клубови. Луѓето од Наполи само што слушнаа за незгодата на својот фудбалер Елиф Елмас, веднаш стапиле во контакт со нашата експедиција во Рига. Во неколку наврати е контактирано во текот на овие изминати неколку  часови. Големо е вниманието што наполитанците, и тоа навистина е импресивно, го даваат за Елмас. Добро е што повредата на „дијамантот“ не е толку тешка и опасна како што се чинеше во прв момент, па затоа сите може да здивнат по добрите вести откако беше извршен детален лекарски преглед на коленото на Елмас.

Во секој случај мора да се пофали нашиот лекарски тим кој се наоѓа во Рига, за својата максимална професионалност и посветеност во врска со незгодата на утринскиот тренинг.