Во Плоешти каде Романија и беше домаќин на селекцијата на Малта, резултатот по 90.минути беше 1:0. Победнчкиот гол беше дело на Пушкаш по асистенцијата на Хаџи, и тоа во 47.минута. Сега Романија се наоѓа на второто место во Ф групата со 10 бодови, исто колку и Шведска која пак има меч помалку.

Швајцарија пак немаше такви проблеми на дуелот со тоталниот аутсајдер Гибралтар. Домашните победија со 4:0, иако се очекуваше повисок триумф. Со овие три бода швајцарците на Данска на само бод на табелата во Д групата, а имаат и меч помалку.

Данска пак на гостување кај Грузија немаше сили за победа, во еден интересен меч крајниот резултат беше 0:0, што во некоја рака е и изненадување во Тбилиси.

Д – ГРУПА

ГРУЗИЈА – ДАНСКА 0:0

ШВАЈЦАРИЈА – ГИБРАЛТАР 4:0

(Закарија 37., Мехмеди 43., Родригез 45+4., Гаврановиќ 87./-

Ф – ГРУПА:

РОМАНИЈА – МАЛТА 1:0

(Пушкаш 47./)