Серхио Рамос, „вечниот“ капитен на “фуријата“, вечерва влезе во истоијата. Стоперот против Ф. Острови го одигра 167 натпревар за Шпанија, со што го стигна Икер Касиљас. На следниот меч капитенот на Реал Мадрид ќе биде рекордерот на Шпанија со 168 настапи. Сега Рамос е меѓу десетте фудбалери во историјата на фудбалот со најмногу настапи во репрезентациите. Му недостигаат 17 да го стигне и апсолутниот рекордер Ахмед Хасан од Египет. Инаку мечот заврши со победа на „фуријата“ од само 4:0.

ИТАЛИЈА СО НОВА ПОБЕДА, ГРЧКА БЛАМАЖА

Иако нешто потешко од очекувањата, сепак Италија дојде до уште една победа, успеа на госто кај Финска да слави со 2:1. Не е ништо ново ако кажеме дека голот за финците го постигна Пуки.

Грците тотално се избламираа,имено тие дома против Лихтенштајн одиграа само 1:1. Во скандинавското дерби меѓу Шведска и Норвешка беше 1:1, интересно ова е четврто реми меѓу овие две селекции во последните четири меча.

ГРУПА – Ј

ФИНСКА – ИТАЛИЈА 1:2

(Пуки (п) 72./Имобиле 59.,Жоргињо (п) 79.)

ГРЦИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН 1:1

(Масоурас 33./Салановиќ 85.)

ГРУПА – Ф

ШПАНИЈА – Г. ОСТРОВИ 4:0

(Родриго 13., 50., Алкасер 90., 90+3.)

ШВЕДСКА – НОРВЕШКА 1:1

(Форсберг 60./Јохансен 45.)