Двејн Вејд не ја отфрла можноста да се врати на терените во новата НБА сезона, иако се збогува со кошарката.

Неофицијално тој ќе тренира заедно со Леброн Џејмс во тренинг центарот за да остане во форма.

„Да, завршив, но ќе тренирам. Сакам да останам во форма, никогаш не знаете што може да се случи. Никогаш не вели никогаш“, изјавил Вејд.

Медиумите во САД на големо пишуваат дека Вејд може да се врати од пензија, секако доколку го облече дресот на ЛА Лејкерс и заедно со Леброн да дојдат до нов шампионски прстен.