Манчестер Јунајтед тргнува во офанзива да го врати својот некогашен голман, Едвин Ван дер Сар во клубот. Како што објавија дел од англиските медиуми, на „Олд Трафорд“ се подготвува место за Ван дер Сар како нов фудбалски директор на „црвените ѓаволи“, место кое остана непополнето долго време.

48-годишниот Ван дер Сар во моментов е главен извршен директор на Ајакс, каде неговата работа е оценета со највисоки оценки од фудбалската и стручната јавност. Јунајтед се еден од само три клубови во Премиер лигата кои немаат директор за фудбал.

Во Јунајтед не се задоволни од финансиските бројки, ниту од начинот на кој се реализираат трансферите и во двете насоки, па затоа ќе се обидат да донесат свежа крв на управувачките места, токму со својот екс-голман.