Холандскиот фудбалер Вирџил Ван Дијк е подготвен да ја продолжи вербата кон Ливерпул, пишуваат британските медиуми.

Тој ќе потпише нов договор со тимот од Енфилд, кој ќе биде со важност до јуни 2025 година.

Ван Дијк во јануари минатата година имаше рекорден трансфер од 75 милиони фунти од Саутхемптон во Ливерпул со кој потпиша договор на пет години.

Холанѓанецот за една сезона одигра 78 натпревари, беше клучен играч за освојување на трофејот во Лигата на шампионите, а УЕФА го именуваше на најдобар играч на Европа за минатата сезона.

Ван Дијк сега заработува 125 илјади фунти неделно, а со новиот договор неговата плата ќе изнесува 200 илјади фунти за една седмица.