Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде глава не може да крене од повреди на неговите играчи од почетокот на сезоната.

Како да не беше доволно што Барса е без капитенот Лионел Меси, Луиз Суарез и Осман Дембеле, синоќа на квалификацискиот меч меѓу Србија и Португалија, се повреди и Нелсон Семедо.

Десниот бек, кој беше стартер на првите три натпревари сезонава заработи повреда на скочниот зглоб и беше изваден од игра во 65. минута од мечот.

Се чекаат резултатите од деталните лекарски прегледи за да се види колку време Семедо ќе одсуствува од теренот.