Иако имаше голема желба да заигра на „Сантијаго Бернабе“ и тоа под водство на својот сонародник Зинедин Зидан, сепак Пол Погба и натаму ќе мора да игра за Манчестер Јунајтед.

Па добро кој е виновен за тоа што не се оствари овој трансфер? Дали тоа е Јунајтед, Флорентино Перез, менаџерот Рајола или некој друг?

Медиумите во Шпанија и Англија откриваат дека компанијата за спортска опрема „Адидас“ е главниот виновник. Го стопирале трансферот, можеби чудно со оглед на тоа дека се спонзори на Погба, на Реал и на Манчестер.

Германската компанија сметала дека ако Погба замине во Мадрид, нема ништо посебно да добијат на пазарот во Шпанија, и тоа поради фактот дека таму Меси како заштитно лице на „Адидас“ доминира, а тука се Бејл и Бензема. Според Германците Погба повеќе ќе им користел во Премиер лигата. Токму затоа Погба мора да ја почитува бизнис-политиката на „Адидас“ и да си седи во Манчестер Јунајтед. Едно се желбите, но сосема нешто друго парите…