Арбен Тафе од Струга Трим Лум и Марин Јурина од Шкупи, не ќе можат да настапат за своите екипи на наредните два меча во ПМФЛ. Ова е одлуката на Дисциплинската комисија на Фудбалската Федерација на Македонија, откако и двајцата, поради меѓусебен инцидент на средбата во Струга во последното коло, беа исклучени со директни црвени картони.

На дуелот со Вардар кој се игра во сабота, Струга Трим Лум нема да може да смета и на Ард Касами кој исто така заработи црвен картон. Шкупи пак не ќе може да смета на својот напаѓач на саботниот меч со Силекс, но и на тој потоа со Вардар, кој се игра во среда на 18 септември.