Роберт Просинечки не е повеќе селектор на БИХ. Тој поднесе оставка веднаш по поразот од Еремнија од 4:2, со што селекцијата на БИХ ги загуби шансите за пласман на ЕП.

„Разговарав со сите, и да не должам многу. Кога дојдов тука нашата цел беше пласман на ЕП. Со оглед на тоа што не успеав, давам оставка, и време е да дадам шанса на некој друг. Наследникот ќе има доста време да ја подготви екипата за Лигата на нации. Јас повеќе не сум селектор“, рече Просинечки.

Поранешните вардарови играчи Хамбарѕумјан и Барсегјан му пресудија на Просинечки. Првиот постигна гол, а вториот асистираше. Два гола постигна Мхитарјан.